АБА 2: Работнички убедливо поразен од Сутјеска! (ФОТО)

111

Неславно враќање во АБА 2 лигата на Работнички. Имено на стартот, во рамките на 1.коло во регионалната лига, инаку втора по ранг, нашиот тим вечерва беше поразен дома, во салата “Кале“ со 58:71.

Инаку да кажеме дека од тренерска клупа гостите ги предводеше Драган Бајиќ, некогашен селектор на Македонија во периодот од 2021-2022 година.

Уште на стартот се виде дека тимот од Градски парк нема што да бара на овој натпревар. Тимот од Црна Гора беше далеку подобар и само ја билдаше разликата. Бадијала беа поените на Јовичиќ, кога на другата страна темпото го држеше Лук, и двајцата се натпреваруваа меѓусебе кој ќе даде повеќе поени за својот тим, Работнички и Сујеска.

По првата четвртина резултатот беше 16:22 за гостите.

Во втората четвртина Сутјеска одигра уште подобро, и се чини дека тујка во оваа фаза го реши победникот ако се знае дека Работнички успеа да уфрли само 5 поени, додека гостите постигнаа 15 и на пауза се замина со тие 21:37 или +16 за Сутјеска.

Во продолжение од средбата видовме само рутинско одработување на мечот на тимот на Бајиќ, пред се во третата четвртина. И кога беше се готово Сутјеска како малку да олабави што беше знак за Работнички да покаже барем дел од своите потенцијали и оваа четвртина да ја добие со 22:10 барем за утеха, за конечни 58:71, со што поразот го направи попристоен.

Во таборот на Работнички најефикасни беа Робев со 13 и Јовичиќ со 12 поени, додека кај гостите Вебстер забележа 15 поени, а Баровиќ 12.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноХаос во мак – фудбалот: И во Куманово имало инцидент, судиите не ги пуштале да влезат во соблекувалните!
СледноФОТО НА КОЛОТО: “Комити“ повторно воодушевија!