Ако Тен Хаг добие отказ, Манчестер Ј. има две имиња како потенцијални замени

1330

Управата на Манчестер Јунајтед размислува за две потенцијални имиња како можни замени за Ерик тен Хаг на кормилото на екипата. Иако ја доби довербата на управата и потпиша нов договор, Холанѓанецот се чини не успеа да промени ништо во тимот на почетокот на оваа сезона, а разочарувањата и натаму продолжуваат.

Со оглед на лошиот старт и во новата сезона, раководството на Јунајтед веќе почна да размислува за смена на холандскиот стручњак. Како што пренесуваат европските медиуми, идентификувани се две имиња кои би можеле да го преземат Јунајтед.

Во прашање се Еди Хау, актуелниот менаџер на Њукасл и Симоне Инзаги, кој го води Интер, но и за двајцата засега мисијата изгледа невозможна. Останува да се види дали директорите на Јунајтед имаат некаков посебен план во убедувањето на кандидатите да се преселат на „Олд Трафорд“.

ПретходноМаксимов го оперираше коленото, го чека подолга пауза
СледноЛЕ: Дерби на „Олимпико“, Тотенхем тргнува против Карабах