Арсенал има ново „чудо“: Нванери е најмладиот играч со два гола на своето деби

416

Новиот вундеркинд на Арсенал се вика Итан Нванери. Тој синоќа на средбата со Болтон во Карабао купот беше стартер во составот на Артета и ја оправда довербата со два гола во своето деби.

17-годишниот Нванери го направи својот прв старт за Арсенал, а со двата гола стана четвртиот најмлад стрелец на Арсенал во 21 век, зад Цеск Фабрегас,  Џек Вилшер и Артуро Луполи.

Покрај тоа, Итан е најмладиот играч на „топчиите“ во 21 век со два гола на својот деби меч за првиот тим.

ПретходноТен Хаг ги обвини фудбалерите за „киксот“ против Твенте
СледноКарабао Куп: Дерби во Лондон, Тотенхем ќе го пречека Манчестер Сити