Барселона ќе може да го пријави Шчесни за ЛШ

244

Барселона ќе може да го пријави голманот Војчех Шчесни за Лигата на шампионите 2024/25 доколку полскиот чувар на мрежата се согласи да премине во каталонскиот клуб, пренесува Марка. Инаку Шчесни призна дека преговара со Барселона и големи се шансите тој да се врати од пензија и да го облече дресот на Барселона по повредата на првиот голман Марк Андре Тер Штеген.

Барселона има пријавено двајца голмани на А листата, Тер Штеген и Инасио Пења, како и двајца младинци од Б листата – Андер Астралаг и Диего Кочен.
Според правилникот на УЕФА, доколку еден или двајца од тројцата голмани од главниот ростер се здобијат со сериозна повреда или отсуствува долго време, клубот има право да пријави нов голман на неговото место.

Исто така, ако Тер Штеген заздрави побргу од планираното, може да се врати на списокот во било кое време, само што клубот ќе мора да пријави во УЕФА 24 часа пред почетокот на натпреварот.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Гостивар)
СледноНенад Бјелица е новиот тренер на Ристовски и Адеми!