Тежок инцидент и скандал се случи вчера во Неготино каде играа Вардар (Н) и Охрид Лихнидос. Да потсетиме дека навивач на домашните го нападна гостинскиот голман. По се ова ФФМ брзо реагираше и го суспендира теренот во Неготино.
Инаку вечерва преку своите социјални мрежи, ФК Вардар Неготино се огради од тепачот а испрати и јавно извинување до Охрид Лихнидос.
Еве што се вели во сооопштението на второлигашот од Неготино:
“Почитувани,
Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за целосната настаната ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ.
Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ.
НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС!
Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион.
Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14:00 часот.
Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сеуште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред!
Спортски поздрав,
Вардар Неготино“