Катерина Шиповиќ – единствената македонска претставничка на ултра-трката „Спартатлон“

86

Овој викенд, на 28 и 29 септември, ќе се одржи 42-рото издание на легендарната ултра-трка „Спартатлон“, на која ќе учествуваат речиси 400 натпреварувачи од целиот свет. Единствената македонска претставничка на оваа престижна трка ќе биде атлетичарката на АК АЕРОДРОМ Скопје – Катерина Шиповиќ, Балканска шампионка во ултра-маратон и носител на македонскиот рекорд за 24-часовно трчање, со истрчани 211 километри.

Трката „Спартатлон“ има историска важност и се одвива на релација од 246 километри, од Атина до Спарта. Учесниците имаат рок од 36 часови да ја завршат рутата, која бара исклучителна физичка и ментална подготвеност. Оваа елитна трка привлекува само најдобрите ултра-маратонци, а учеството е возможно само за оние кои веќе имаат забележителни резултати на претходни натпревари.

Катерина Шиповиќ, како единствен претставник од Македонија, ќе се соочи со огромен предизвик, но нејзините претходни успеси ја ставаат меѓу фаворитите кои ќе ја одбранат честа на своите земји и подвиг кој неможе лесно да се постигне.

ПретходноЛина експресно со пласман во 1/4 финалето во Куршумлијска Бања!
СледноФФМ имаше пари за ВАР ама се изедоа во „КНЕЖИНО“