Вечерва со последните седум меча заврши 1.коло во Лигата на Европа во новиот формат.
Рома и Билбао одиграа 1:1, но треба да се каже дека гостите се спасија од пораз со постигнат гол во 85.минута на Паредес. Претходно Довбик во 32.минута донесе водство на домашниот состав.
Ајакс на свој терен го “торпедираше“ Бешикташ со 4:0 и тоа со головите на Фиц-Јим, два на Годтс и на Тејлор.
Брага со 2:1 го победи Макаби Тел Авив иако до 88.минута губеше со 0:1, но Брума со два гола донесе три бода за домашниот состав.
Вистинска голеада на мечот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Плзен, кој на крајот заврши без победник 3:3, а гостите во 90+3.минута постигнаа гол за бод.
ФЦСБ со убедливи 4:1 славеше против РФС Рига. Лион го победи Олимпијакос со 2:0.