ЛШ: ПСЖ славеше кај Висла во драматичен финиш, Паличка е херојот!

77

Покрај натпреварот Динамо Букурешт – Пелистер, кој Романците го добија и тоа како убедливо, вечерва се одиграа уште три средби во ракометната Лига на Шампиони.

ПСЖ со 23:24 успеа да ја победи Висла Плоцк на гости и да дојде до својата втора победа во третиот меч во групата – А. Се чинеше дека “светците“ го контролираат мечот, на 1,5 минута до крајот имаа 21:24, но тогаш домашните постигнаа два гола а во последната секунда, поточно по истекот на времето добија и седмерец. Супер шанса за бод, но феноменалниот голман на ПСЖ, Андреас Паличка успеа да одбрани и да му донесе победа на својот тим.

Вистински трилер се случуваше на средбата меѓу ПИК Сегед и Нант. Домашните победија со гол во последната секунда за конечни 33:32. Останаа уште десет секунди до крајот на мечот а резултатот во тие моменти беше 32:32 и тогаш Бодо со гол во последната секунда ја затресе мрежата на гостите за победа и за еуфорија кај домашните ракометари.

Фуксе Берлин дојде до уште една гостинска победа, нешто слично како и во Битола против Пелистер. Тие славеа кај Фредериција со убедливи 32:38. Интересно е тоа што на полувремето резултатот беше израмнет, 17:17.

ПретходноУсловна затворска казна за навивачот кој расистички го навредуваше Винисиус!
СледноХулиан Алварез со гол во 90.минута му донесе победа на Атлетико Мадрид!