Мото ГП нема да се врати во Индија следната година

34

Трката за Големата награда на Индија во Мото ГП шампионатот нема да се вози во 2025 година.

Како што објавија сопствениците на Мото ГП, враќањето на индиско тло е одложено поради проблеми со оперативната подготовка на Гран при викендот. Како резултат на тоа, во 2025 година Индиското ГП ќе добие статус на една од резервните етапи.

Во официјалното соопштение, промотерите на Мото ГП истакнаа дека Гран при на Индија не може да се одржи, а бидејќи не е можно да се презакаже настанот, тој ќе биде откажан. Пред неколку месеци беше потпишан тригодишен договор за организација на Мото ГП трката за Големата награда на Индија.

ПретходноЛЕ: Дерби на „Олимпико“, Тотенхем тргнува против Карабах
СледноМеси нема да ја заврши кариерата во САД, најави враќање дома