Нов шок за Саудијците: Нејмар се враќа на терен дури во јануари!

160

Нов шок за раководството на Ал Хилал кога е во прашање Нејмар. Имено познато е дека Саудијците му дадоа 300 милиони евра за две години а Бразилецот одигра само пет средби за да потоа во октомври минатата година потешко се повреди. Се очекуваше дека овој месец или наредниот тој ќе се врати во тимот, но засега ништо од тоа.

Последните специјалистички прегледи кажуваат дека Нејмар пред јануари, ако и тогаш, нема теоретски шанси да се врати на фудбалот.

Ова значи дека неговата повреда ќе го одалечи од терените 15-16 месеци што навистина е премногу па и за пребогатиот клуб од С. Арабија.

Инаку излегува дека за секој меч, а се пет, Нејмар е платен по 30 милиони евра.

Инаку може лесно да искочи, Нејмар цели две години да биде на рехабилатација а да добие 300 милиони евра.

И ако биде така тогаш ќе излезе дека за секој одигран меч, а нели се пет, тој ќе биде платен по фантастичмни 60 милиони евра!!!

ПретходноЛЕ: Јунајтед не може ни Твенте да го победи!
СледноТен Хаг ги обвини фудбалерите за „киксот“ против Твенте