Патуваат 220 МЕТРИ со автобус до стадионот поради бизарно правило

513

Фудбалерите на норвешкиот Боде/Глимт беа принудени на една од најкратките автобуски патеки и тоа поради бизарните правила на УЕФА. Европската фудбалска куќа наложува на сите екипи во европските купови мора на стадион да пристигнат со автобус поради носителите на телевизиските права.
Па така фудбалерите на норвешкиот клуб тргнаа во 17:05 часот со клупскиот автобус од станицата за една минута подоцна да бидат пред стадионот во Боде.
Ова е вистинска вечер на комедија“, изјави новинарот Фреди Торесен.

Инаку ова е вообичаена пракса на играчите на најдобриот норвешки клуб кога играат домашни натпревари во Европа, а така беше и сега.
Сепак, се работи за чувството на заедништво и заедничко појавување на стадионот. Можеби изгледа бизарно и здодевно, но можеме да уживаме заедно триесеттина секунди“, изјави фудбалерот Виладс Нилсен.

Така ни е кажано и не се трудиме тоа да го промениме. Го паркирам автомобилот на станицата, влегувам во автобусот и во него се спремам за натпреварот. Малку е смешно, но тоа е тоа“, вели Јан Петер Хауге.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 7.КОЛО: Ајдоган ја “скрши“ Шкендија
СледноСуспензија на Градскиот стадион во Неготино