Петровиќ: Ростерот е одличен, желбата е трофеј во Битола

226

Вицешампионот во кошарка, Пелистер е подготвен за стартот на сезоната во најсилната македонска лига но и во АБА 2. Битолчани имаат нов стратег, Александар Петровиќ, но и значително засилен ростер.

На денешната прес-конференција пелистерци најавија дека се подготвени за предизвиците пред клубот, повторувајќи ја желбата по три финалиња во низа во плејофот конечно да се стигне и до првиот пехар.

Ова е мое второ враќање во Пелистер, секако дека наидувам на еден нов проект. Пелистер во моментов е сериозно организиран клуб, се што побарав беше исполнето, ростерот е одлично пополнет.

Почнуваме во сабота против МЗТ Скопје, но ова ќе биде долга сезона, очекувам момците да дадат се од себе, да стигнеме до задоволителни резултати. Би сакал пред се да се заблагодарам на управата за условите што ги имаме, ова немаше да го имаме како проект да не беше Марјан Илиевски и сакам во свое име и во име на сите играчи да се заблагодарам за она што ни беше овозможено од управата.

Имаме беспрекорни услови во Битола, бевме заедно на подготовки во Златибор каде работевме на подобрување на атмосферата“, истакна тренерот Петровиќ.

Целта на клубот е јасна, борба за трофеите како во домашното првенство, така и за што подобар пласман во АБА2 лигата.

Ќе одиме на трофеј во сите натпреварувања, ќе видиме до каде ќе дотуркаме на крајот од сезоната, но мислам дека постојат предуслови за врвни резултати. Она што можам да го кажам е дека ќе играме убава кошарка за око како што беше случај и на овие подготовки, сигурно ќе бидеме конкурентни за освојувње на трофеите, а за пехарите ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Во АБА2 секако имаме поголема конкуренција, но она што можам да го ветам дека нема да бидеме во подредена улога против ниту еден ривал, подготвени сме за да одиме на победа на секој натпревар“, додаде Петровиќ.

Капитенот Александар Костоски и следнат сезона ќе го предводи Пелистер и тој очекува трофеи во новата сезона.

Втора година сум дел од КК Пелистер, би сакал да кажам дека ми е чест што пред крајот на кариерата ми е чест што сум дел од колектив што личи на кошаркарски клуб, кој ги исполнува стандардите од сите можни аспекти. Се надевам дека ќе продолжиме да се развиваме и дека ќе го кренеме резултатот во однос на лани, дека ќе донесеме барем еден трофеј во кошаркарска Битола. Екипата е променета во однос на лани, покомплетна на сите позиции.

Можам да ги пофалам сите, навистина се добри момци и лесно се вклопуваме во системот на тренерот. Јасни се амбициите, борба за сите трофеи верувам дека со квалитетот што го поседуваме можеме да стигнеме далеку“, истакна Костоски.

ПретходноРомано: Бордот на Вест Хем му испрати прво предупредување на Лопетеги
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 7.КОЛО: Ајдоган ја “скрши“ Шкендија