Работнички е еден од трите македонски претставници кои оваа сезона ќе ги гледаме во АБА2-лига. „Црвено-белите“ после пауза од три години се враќаат во ова натпреварување, добија покана од раководството на лигата и решија да вложат финансиски средства.
Прв противник на избраниците на Горан Самарџиев е тимот на Сутјеска, мечот се игра во „Кале“ со почеток во 18 часот.
Работнички не е фаворит на оваа средба, но тоа не значи дека има простор за да извојува победа на стартот. Составот е поинаков од минатата сезона, македонските играчи заедно со новите странци треба да го однесат тимот во рамноправна битка во АБА2-лига, но и најважно враќање на трофејните денови.
Билетите за оваа средба се продаваат по цена од 100 денари, а во самата сала ќе има поставено кутија за донации за фамилијата на починатиот Никола Стефановски.