Реакција од ФК Охрид: Наши фудбалери беа нападнати, бараме реакција од ФФМ

1066

Во текот на натпреварот помеѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос се случи инцидент. Мечот беше прекинат поради напад на неколку фудбалери на охридскиот тим. За тој инцидент се огласија од ФК Охрид. Соопштението ви го пренесуваме во целост.
Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент.
По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна.
ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт.

ПретходноВести од ФФМ: Тиквеш – Силекс се игра во Кичево, Новаци – Македонија ЃП ќе се регистрира со службени 3:0!
СледноРомано: Бордот на Вест Хем му испрати прво предупредување на Лопетеги