Романо: Бордот на Вест Хем му испрати прво предупредување на Лопетеги

122

Иако пред само неколку дена излегоа со став дека имаат потполна доверба во менаџерот, првите луѓе на Бордот на Вест Хем Јунајтед синоќа по дебаклот на „чеканите“ на гостувањето кај Ливерпул во меч од 3. коло во Карабао Купот му наложиле на Хулен Лопетеги да изврши итна промена, инаку отказот ќе биде неизвежен.

Веста ја објави инсајдерот Фабрицио Романо. Како што пишува Романо, првите луѓе на тимот од источен Лондон сакаат да видат подобрување на резултатите најитно, што значи дека Шпанецот ги троши и последните кредити на нивното трпение.

„Чеканите“ се наоѓаат на 14. место на табелата во Премиер лигата со само една победа од пет меча, а беа елиминирани и во Лига Купот.

„Иако некои извештаи велат дека Хулен Лопетеги има три натпревари за да си ја спаси работата, немам потврда за тоа. Сигурно хиерархијата на Вест Хем сака да види промена во резултатите што е можно поскоро. Лопетеги го знае тоа“, пишува Романо.

ПретходноРеакција од ФК Охрид: Наши фудбалери беа нападнати, бараме реакција од ФФМ
СледноПетровиќ: Ростерот е одличен, желбата е трофеј во Битола