Седум кандидати за претседателското место во ИОК

104

Шефот на светската атлетика Себастијан Коу, мултимилjaрдерот Јохан Елиаш и министерката за спорт на Зимбабве Кирсти Ковентри се меѓу седумте кандидати кои ќе се вклучат во претседателските избори за прв човек на Интернационалниот олимписки комитет следната година.

Потпретседателот на ИОК, Хуан Антонио Самаранч, инаку син на истоимениот поранешен претседател на ИОК, шефот на меѓународниот велосипедизам Дејвид Лапартиент, принцот Фејсал Ал Хусеин од Јордан и шефот на меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, исто така се во трка за наследник на актуелниот претседател Томас Бах.

70-годишниот Германец се повлекува од функцијата следната година. Изборот ќе се одржи на седницата на ИОК во античка Олимпија, Грција во март 2025 година.

Сите кандидати ќе ги претстават своите програми, зад затворени врати, пред полноправното членство на ИОК во јануари 2025 година.

ПретходноРаботнички на мегдан против Сутјеска во кам-бекот во АБА2-лига!
СледноВести од ФФМ: Тиквеш – Силекс се игра во Кичево, Новаци – Македонија ЃП ќе се регистрира со службени 3:0!