Во недела од 14 часот на програмата се сите шест средби од 8.коло во нашата елитна лига. Секако дека најголемо внимание предизвикува дуелот меѓу Шкендија и Вардар кој се игра под Шара. На овој меч судијка ќе биде Стојанпче Трпчевски од Кавдарци. Супер интересно ќе биде и во Струга каде играат Струга ТЛ и лидерот Гостивар, а таму главен судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Кичево: Тиквеш – Силекс (Игор Стојчевски – Скопје)
Тетово: Шкендија – Вардар (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Струга: Струга ТЛ – Гостивар (Марјан Младеновски – Скопје)
Гостивар: Беса – Воска (Фуркан Идризи – Тетово)
Скопје: Работнички – Шкупи (Александар Грујоски – Кичево)
Струмица: Брера – Пелистер (Влатко Илиоски – Прилеп)