ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Гостивар)

185

Во овие три години откако започна проектот за голем и силен Гостивар, се сменија неколку тренери на клупата на овој тим и ништо. Немаше резултати. Кога Муарем Муарем, кој беше во раководството, па како спортски директор или асистент во стручниот штаб, ја презеде тренеската функција, работата тргна кон подобро. Гостивар сега активно се најавува како најсериозен кандидат за титулата. Вчера во меч од 7.коло гостиварци како домаќини во Маџари со 3:1 ја победија Шкендија и го запоседнаа врвот на табелата.

Јасно е дека далеку од тоа дека се е идеално во играта на Гостивар, но јасно е дека Муарем си ја знае работата. Да ја надиграш и победиш Шкендија со 3:1 секако дека не е мала работа. И затоа тој е тренер на ова 7.коло, секако според “СпортСпорт“.

ПретходноКрос: Требаше да одам во Ман. Јунајтед, а потоа дојде Ван Гал и…
СледноБарселона ќе може да го пријави Шчесни за ЛШ