Условна затворска казна за навивачот кој расистички го навредуваше Винисиус!

32
Foto> Twitter/Real Madrid

Навивачот на Мајорка кој расистички ги навредуваше Винисиус и Чуквуезе, е казнет со една година условна затворска казна и забрана за присуство на стадионите во период од три години.

Ова значи дека казната му е намалена откако тој претходно беше казнет со затворска казна од една година:

Затворската казна е намалена зошто навивачот му се извини на Винисиус и кажа дека се кае за тоа што го направил. Беше вклучен во програмата за еднаквост и борба против расизам. Ова е трето лице кое во последно време е казнето поради расизам“ објави Реал Мадрид со специјално сопштение.

ПретходноЗарем е можно: Србија и Албанија заеднички ќе го организираат ЕП 2027 за селекции до 21 година!
СледноЛШ: ПСЖ славеше кај Висла во драматичен финиш, Паличка е херојот!