Хулиан Алварез со гол во 90.минута му донесе победа на Атлетико Мадрид!

43

Селта – Атлетико Мадрид 0:1 е епилогот од вечерашниот меч во Виго во рамките на 7.коло во Ла Лига. Екстра значајна победа ако се знае дека победничкиот гол падна во 90.минута а стрелец беше Хулиан Алварез кој успеа со врвот на копачката да ја смести во мрежата на домашните и тоа по асистенцијата на Антоан Гризман.

Само неколку секунди претходно Селта преку Родригез имаше колосална шанса за победа, и затоа казната стигна на другата страна.

Фактот дека голманот на гостите од Мадрид, Јан Облак беше прогласен за играч на натпреварот се е јасно.

Селта има за што да жали, беше подобар ривал, имаше и повеќе шанси, но на крајот сепак Атлетико Мадрид се радува на победата.

Таков е фудбалот.

Веќе во недела од 21 часот на “Ванда Метрополитано“, Атлетико го чека супер дербито со Реал во битката за Мадрид.

ПретходноЛШ: ПСЖ славеше кај Висла во драматичен финиш, Паличка е херојот!
СледноЛЕ: Рома испушти победа во 85.минута, Ајакс го “торпедираше“ Бешикташ!