Новиот вундеркинд на Арсенал се вика Итан Нванери. Тој синоќа на средбата со Болтон во Карабао купот беше стартер во составот на Артета и ја оправда довербата со два гола во своето деби.
17-годишниот Нванери го направи својот прв старт за Арсенал, а со двата гола стана четвртиот најмлад стрелец на Арсенал во 21 век, зад Цеск Фабрегас, Џек Вилшер и Артуро Луполи.
Покрај тоа, Итан е најмладиот играч на „топчиите“ во 21 век со два гола на својот деби меч за првиот тим.