Вести од ФФМ: Тиквеш – Силекс се игра во Кичево, Новаци – Македонија ЃП ќе се регистрира со службени 3:0!

3482

Со оглед на тоа дека теренот во Кавадарци е под суспензија поради инциндентот во неделата на мечот со Вардар, Тиквеш мораше да си бара алтернативен терен каде што ќе го игра мечот со Силекс во недела во рамките на 8.коло.

Па така одлучено е тој натпревар да се игра во Кичево. Ова значи дека по подолго време кичевци ќе можат во својот град да проследат еден прволигашки натпревар кој се игра од 14 часот во недела на Градскиот стадион во овој град.

Вчера во меч од 4.коло во ВМФЛ во Новаци се сретнаа истоимениот тим и Македонија ЃП. На крајот резултатот гласеше 0:0, но како што велат нашите информации, овој меч ќе биде регистриран со службени 3:0 за Новаци. Причината е дека стручниот штаб на гостите направил неправилна измена во однос на правилото на младинец со младинец. Ова значи дека Новаци ќе добие +2 бода а “лавовите“ ќе останат и без тој еден кој беше заработен на теренот.

ПретходноСедум кандидати за претседателското место во ИОК
СледноРеакција од ФК Охрид: Наши фудбалери беа нападнати, бараме реакција од ФФМ