И официјално Ненад Бјелица е новиот тренер на Динамо Загреб. Иако сеуште нема промоција, сепак хрватскиот гигант преку видеа го најавија Бјелица како старо – нов стратег на “модрите“ од Загреб, а тоа значи дека во наредниот период тој ќе им биде тренер на нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Пред извесно време тој му беше тренер на Енис Барди во Трабзонспор, а сега на Стефан и Адеми.
Очекувано, иако минаа доста време откако Сергеј Јакировиќ доби отказ по бламажата во Минхен од Баерн во ЛШ. Имаше неколку опции и комбинации ама се некако се вртеше дека токму Бјелица ќе се врати на клупата на Динамо Загреб откако таму беше пред шест години.