Работнички на мегдан против Сутјеска во кам-бекот во АБА2-лига!

103

Работнички е еден од трите македонски претставници кои оваа сезона ќе ги гледаме во АБА2-лига. „Црвено-белите“ после пауза од три години се враќаат во ова натпреварување, добија покана од раководството на лигата и решија да вложат финансиски средства.

Прв противник на избраниците на Горан Самарџиев е тимот на Сутјеска, мечот се игра во „Кале“ со почеток во 18 часот.

Работнички не е фаворит на оваа средба, но тоа не значи дека има простор за да извојува победа на стартот. Составот е поинаков од минатата сезона, македонските играчи заедно со новите странци треба да го однесат тимот во рамноправна битка во АБА2-лига, но и најважно враќање на трофејните денови.

Билетите за оваа средба се продаваат по цена од 100 денари, а во самата сала ќе има поставено кутија за донации за фамилијата на починатиот Никола Стефановски.

ПретходноНема предавање, Пелистер оди да се надигрува со Динамо Букурешт
СледноСедум кандидати за претседателското место во ИОК