Суспензија на Градскиот стадион во Неготино

1153

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари,на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата  донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино .

Суспензијата стапува на сила веднаш. 

ПретходноПатуваат 220 МЕТРИ со автобус до стадионот поради бизарно правило
СледноКрос: Требаше да одам во Ман. Јунајтед, а потоа дојде Ван Гал и…