Гостивар си “гази“. По триумфот над Силекс во Кратово во неделата, еве и вчера во супер – дербито на 7.коло ја “среди“ и Шкендија и тоа со 3:1. Гостивар како тим игра добро, но сепак мора да се издвои Огузан Ајдоган, кој и на двете средби а посебно вчера беше одличен и токму затиа според „СпортСпорт“ е играч на 7.коло. Покрај него од Гостивар тука се и Мбенде, Потук, Алдаир и Симоновски.
Во тимот на колото се и Давков (Брера), Рашид (Работнички), Незири и Али (Беса), Додев (Силекс) и Јахја (Воска).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ОГУЗАН АЈДОГАН
Тим: Гостивар
Роден: 04.02.1997 во Германија
Кариера: Карлсруе, Алеманија Ахен, Анкараспор, Менеменспор, Дучеспор, Гостивар