Навивачот на Мајорка кој расистички ги навредуваше Винисиус и Чуквуезе, е казнет со една година условна затворска казна и забрана за присуство на стадионите во период од три години.
Ова значи дека казната му е намалена откако тој претходно беше казнет со затворска казна од една година:
“Затворската казна е намалена зошто навивачот му се извини на Винисиус и кажа дека се кае за тоа што го направил. Беше вклучен во програмата за еднаквост и борба против расизам. Ова е трето лице кое во последно време е казнето поради расизам“ објави Реал Мадрид со специјално сопштение.