Навистина хаос се случува во мак – фудбалот. По она што се случуваше на мечот Вардар – Силекс кога беше признат голот од офсајд на гостите, потоа тешкиот инцидент во Неготино, имало инцидент и во Куманово по мечот меѓу Башкими и Беласица, барем според билтенот на МВР во кој се вели:
“„На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.
Треба да се каже дека ова со оштетување на возило на еден од судиите се случува по вторпат во есенскиот дел во Куманово, на стадионот на Башкими. Пред три недели беше оштетено возилото на друг судија.