По катастрофалниот пораз на гостувањето кај Штутгарт во минатото коло, екипата на Борусија (Д) и вечерва за малку ќе им приредеше непријатно изненадување на илјадниците свои фанови на „Сигнал Идуна Парк“. Во првиот меч од новото коло, Борусија (Д) славеше против Бохум со 4:2, но во меч во кој гостите тргнаа со предност од 0:2 за само 20 минути игра во првиот дел.
Бохум тргна фуриозно на гостувањето кај „милионерите“ и со головите на Беро и Де Вит до 21. минута веќе имаше предност од 0:2. Домашните се обидоа да се вратат и играчки и резултатски, па со голот на Гираси во 44. минута дојдоа до 1:2, резултат со кој отидоа на пауза.
Во вториот дел работите дојдоа на место. Џан од пенал во 62. минута израмни на 2:2, а до крајот на мечот Гираси и Нмеча погодија за конечна победа на домашните од 4:2.