Добрата соработка вроди плод: Македонија за првпат во историја ќе добие професионален терен од ФИБА!

3099

Македонската кошаркарска федерација денеска закажа средба со новинарите на која зборуваше за досега сработеното, но сите новитети за во иднина.

На прес-конференција беа присутни претседателот, Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор, Марјан Србиноски, и директорот на репрезентацијата, Ѓорѓи Чековски.

„Сакаме да промовираме две работи кои не се случуваат секојдневно. Првата е она што го најавиме, макотрпно работевме, бевме неколку пати овозможување на тоа. Сега тоа се случи, потпишавме еден партнер за Првата машка кошаркарска лига, М-ТЕЛ полека навлегуваше во спортот, во однос на нашите идеи и визи, да се оствари успешна соработка, се надевам која ќе трае долго, ќе биде почеток не само во кошарката и ќе опфати другите спортови. Договорот е на една година. До сега ова се случило четири спонзори да се случи лигата, последен пат се случило во 2010 година.

Кога дојдовме котизацијата беше 10.000 евра, намаливме на 8.000 евра, со овој спонзор успеавме да направиме да бидат покриени сите трошоци кои ги имаат клубовите во Првата машка кошаркарка лига. Нема да застанеме тука, веќе сме во преговори за женската кошаркарска лига и за младинската лига. Не би сакале да биде сфатено дека е договорено, но нашата желба и амбиција е да биде наскоро промовирано“, рече генералниот секретар на КФСМ, Владими Георгиевски.

Македонија за првпат од ФИБА добива донација за професионален кошаркарски терен. Добрите релации и соработка беа причина ФИБА Донација оваа година еден од двата терени да бидат донирани во Македонија.

„ФИБА на нашата доверба, благодарение на претседателот, успеавме да оствариме многу близок контакт со нив. ФИБА Фондација заедно со ФИБА свет и со КФСМ, успеавме да обезбедиме  целосно покривање на терен за спортската сала во Кале со професионална подлога. ФИБА донира два такви терени во светот, а една од тие земји ќе бидеме ние. Во преговори сме за обнова на осветлувањето. Затвараме еден голем проект, се надевам дека наскоро ќе се пофалиме со една сала според сите стандарди“, рече Георгиевски.

Во своето писмо на ФИБА до Федерацијата стои дека се среќни дека Македонија е една од земјите кои организирала најмногу младински првенства.

ПретходноПо инцидентот во Куманово: ФФМ го суспендира теренот и на ФК Башкими!
Следно“Има клубови под притисок, има шпекулации, но ние сме мирни зошто работиме за доброто на кошарката“!