Легендарниот хрватски ракометар, Мирза Џомба, денеска го посети освојувачот на Купот на Македонија, РК Алкалоид и беше присутен на тренингот на првата екипа.Со самото негово присуство, ракометарите добија посебна инспирација, а имаше и кратки средби и запознавање со секој од ракометарит.
Џомба е носител на златен медал од светското првенство и Олимписките игри со легендарната генерација на хрватската репрезентација. Своевремено му беше соиграч на сегашниот предводник на Алкалоид, нашата најголема ракометна ведета, Кире Лазаров.