Лина преку Јакуповиќ до пласман во 1/2 финалето во Куршумлијска Бања!

56

Уште еднаш нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа покажа дека е во топ – форма. Имено таа денеска во меч од 1/4 финалето на турнирот во Куршумлијска Бања (Србија), успеа да ја победи со 2:0 (6:4 и 6:3) во сетови, Далила Јакуповиќ од Словенија и со тоа да се пласира во следната фаза на овој турнир, во полуфиналето.

Лина првиот сет го доби со 6:4, не беше баш така лесно но Македонката кога беше најпотребно знаеше како треба да одигра.

Во вториот сет Лина беше уште подобра и успеа да го добие со 6:3. Инаку овој четврфинален меч траеше нешто помалку од 1,5 часа.

ПретходноУЕФА ја казни Барса поради овој транспарент, па во Белград ќе нема нејзини фанови!
СледноГвардиола: Сезоната за Родри е готова, ќе се врати за следната!