Митревски: Благодарност до навивачите што патуваа до тука, жал ми е што не ги израдувавме!

101

Пелистер го запиша третиот пораз во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Динамо Букурешт беше совладан со 34-25. За актуелниот македонски првак по враќањето во најсилното европско клупско натпреварување ова беше 17-ти пораз.

Битолчани добро тргнаа во мечот, се држеа некаде до 20-та минута по која следеше пат во играта. Динамо Букурешт со неколку контра напади успеа да го урне нивниот отпор и да дојде до позитива од шест гола во првото полувреме, која после одморот стигна и до плус десет.

„Имаа одлични контра напади и позиционирани напади во првото полувреме. Вториот, одигравме малку подобро, но не одговоривме како што можеме. Нашите навивачи се одлични. Им благодарам што патуваа до тука. Сакавме да ги израдуваме со победа, но на крајот не успеавме“, изјави Митревски кој имаше 14 одбрани. 

Пелистер мора да брзо да се собере бидејќи веќе утре го чека пресметка со Вардар 1961 во рамките на Супер-лигата.

ПретходноПресврт: Манчестер Сити нема да биде казнет, а уште помалку исфрлен од сите натпреварувања!
СледноХанси Флик постигна нешто што само двајца го направија пред него со Барселона!