Работилница за заштита на интегритет и борба против местење на натпревари!

72

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана работилница за „Заштита на интегритетот и борбата против местењето на натпреварите”.

Во првиот дел од семинарот се разговараше за вредностите на фудбалската игра, проблемот со местењето на натпреварите, негово брзо откривање, безбедноста и заштитата на интегритетот, како и потребата на Уефа за заштитата од местењето на натпреварите.

Во вториот дел од семинарот беше презентиратана постапката и процесирањето на недозволените влијанија за заштитата на интегритетот на натпреварите и натпреварувањето.

Презентациите на работниот состанок беа спроведени од Роберт Марковиќ (раководител на одделот за безбедност и интегритет и Евгенија Милиновиќ (менаџер за меѓународен фудбал и развој).

Роберт Марковиќ, раководител на оддел за безбедност и интегритет при ФФМ.

Пошироката јавност треба да биде запознаена и добро информирана за местењето на натпреварите, односно дека тоа се кривични дејствија кои го прават криминалците. Најбитното и суштинско е борбата против местењето на натпреварите на сите засегнати страни во спортот генерално, а посебно на фудбалската игра.

-Интегритетот претставува обврска спрема сопствените морални вредности и должности, начин на однесување, чесност и беспрекорност. Додека поимот местење на натпревари е манипулација со резултат на натпревар, а се со една цел, да се добијат големи суми пари со обложување.

-Клубовите од домашното првенство треба секогаш да имаат тесна соработка со ФФМ, што се однесува до овој тип на криминал. Главната цел на Фудбалската федерација на Македонија е подигнувањето на нивото на свеснот на сите чинители во фубалот. (фудбалери, тренери, судии, управи на клубови и службени лица).

ПретходноКомпани: Баерн секогаш е фаворит, дури и кога игра против шампионот!
СледноУЕФА ја казни Барса поради овој транспарент, па во Белград ќе нема нејзини фанови!