Саво Милошевиќ ќе го гаси „пожарот“ во Партизан!

82

Челниците на Партизан успеаја да се договорат со 51-годишниот стручњак кој во својот прв мандат успеа да го освои Купот на Србија и да игра во групната фаза од Лигата на Европа.

Последниот тренерски ангажман на поранешниот фудбалер и тренер на Партизан го имаше во репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а во кратката кариера од клупата ја водеше само Олимпија Љубљана, додека во 2011 година накратко беше асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Црна Гора.

Првиот работен ден на Милошевиќ во познато опкружување ќе биде понеделник, додека тимот ќе го предводи до вчера помошникот на Александар Станојевиќ.

 

ПретходноНов проблем за Елиф Елмас!
СледноБугарски кошаркар е убедливо најплатен во Евролига!