Ханси Флик постигна нешто што само двајца го направија пред него со Барселона!

172

Барселона гази во Ла Лига. Барса на “германски погон“ е просто непобедлива во Ла Лига. Седум стартни меча во новата сезона и исто толку победи. Секако дека за оваа чудесна серија заслужни се Јамал и компанија, но голема улога има и тренерот Ханси Флик, кој иако петтмина стартери поради повреда му се во “аут“ тој победува и победува со својот тим.

Сепак тие седум од седум е постигнување што двајца тренери на Барса во историјата во првата сезона го имаат постигнато пред Германецот.

Прво Тата Мартино имаше осум стартни победи во 2013 година, а потоа Ернесто Валверде во 2017 година имаше седум од седум.

Значи Германецот да биде апсолутен рекордер потребни му се уште две победи. А како игра Барса тоа секако дека е возможно.

ПретходноМитревски: Благодарност до навивачите што патуваа до тука, жал ми е што не ги израдувавме!
СледноНов проблем за Елиф Елмас!