И дефинитивно на сите ни е јасно дека Ненад Димитријевиќ во моментов е нашиот најдобар кошаркар, без него нашата репрезентација не може да се замисли.
Новиот кошаркар на Олимпија Милано има и тоа како обврски со својот клуб во ноември, кога е нашиот двомеч со Литванија.
За ова свој коментар има претседателот на КФСМ, Перо Антиќ:
“Ме радува тоа што Нено гори од желба да игра за Македонија, при секое слушање ме прашува што направивме за ноември… Неговата желба не се доведува во прашање, тој во меѓувреме стана играч, дел од европската елита, но сака секогаш да игра за Македонија. Јас на прошталниот меч на Принтезис во Атина се сретнав со луѓе кои седел од управата на Милано,се договоривме да седнеме и да се обидеме да најдеме заеднички јазик. Нено е нашиот лидер, тој стана играчиште од највисоко ниво и секако дека сакаме да биде со нас на овој двомеч со Литванците“.
Кога сме кај дуелот со Литванија, домашниот меч се игра во СРЦ “Кале“ во Скопје.
А за тоа што може да се направи Нено во ноември да игра за Македонија, свое видување имаше спортскиот директор Марјан Србиновски:
„„За петнаесетина дена ќе одиме во Милано за директно да разговараме со тренерот Месина и да се обидеме да најдеме заеднички јазик. Проблем е што денот кога ние играме со Литванија, Милано игра меч од Евролигата со Макаби. Нено беше МВП на Супер-купот на Италија, се наметнува како лидер и сигурно нема да ни биде лесно да добиеме зелено светло, но ние нема да се откажеме без борба од нашиот најдобар играч. Во контакт сме и со Универзитетот Колорадо за Андреј Јакимовски да дојде и да ни помогне за двомечот со Литванија“