Гвардиола: Сезоната за Родри е готова, ќе се врати за следната!

47

Она што се најавуваше сега е и официјално. А тоа потврди и самиот Пеп Гвардиола. Сезоната за Родри, клучниот играч на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Шпанија, е готова.

Да, сезоната за Родри е готова. Тој ќе се врати за следната. Врз него денеска извршена е успешна операција и сега следува долга рехабилитација“ посочи менаџерот на Сити.

Инаку Родри се здоби со руптура на предниот вкрстен лигамент на деносото колено на дербито со Арсенал.

Сега Пеп е во проблеми, како без својот клучен и секако најдобар фудбалер. Ќе мора да експериментира со составот, а секако дека товарот ќе падне врз Илкај Гундоган, Матео Ковачиќ и Рико Луис, ова се играчите за врска во Сити кои сега ќе мораат да го надополнат отсуството на фантастичниот Родри.

ПретходноЛина преку Јакуповиќ до пласман во 1/2 финалето во Куршумлијска Бања!
СледноОфицијално: Мечот Новаци – Македонија ЃП е регистриран со службени 3:0!