Новите сопственици на Евертон ја разгледуваат опцијата, Маурицио Сари да го преземе кормилото на тимот. Веста ја објавија повеќе угледни англиски медиуми, откако стана јасно дека „карамелите“ полека ја губат довербата во Шон Дајч.
Дајч може да добие отказ по секој следен меч поради лошите резултати на тимот од стартот на сезоната. По пет кола од англиската Премиер лига, Евертон освои само еден бод и моментално го зазема последното, 20. место.
Сари последен пат работеше како тренер на Лацио, каде беше од јули 2021 до март 2024 година. Претходно италијанскиот специјалист веќе има искуство во англиското првенство, откако во сезоната 2018/2019 беше на чело на Челзи во Лондон.