Бугарски кошаркар е убедливо најплатен во Евролига!

163

Остануваат уште неколку дена до стартот на новата сезона во Евролигата, а кошаркарскиот портал „Eurohoops“ ја објави листата на најплатени кошаркари во кампањата 2024/2025.

Новинарот на споменатиот сајт Арис Баркас се повика на свои извори, а сите бројки се наведени без да се одбијат локалните даноци.

Листата ја предводи Саша Везенков, кој од НБА се врати во грчки Олимпијакос, а зад него се Шејн Ларкин и Мајк Џејмс, а во Топ 5 се најдоа и Костас Слукас и Валтер Таваерс.

Поранешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер, кој минатото лето се пресели во шпанска Барселона, е шести, а на оваа листа ги нема платите на кошаркарите на Партизан и Црвена звезда.

Список на најплатени кошаркари:
1. Саша Везенков (Олимпијакос) – 4,1 милиони долари
2. Шејн Ларкин (Анадолу Ефес) – 3,75 милиони
3. Мајк Џејмс (Монако) – 3 милиони
4. Костас Слукас (Панатинаикос) – 2,8 мил
5. Валтер Таварес (Реал Мадрид) – 2,7 мил
6. Кевин Пантер (Барселона) – 2,6 мил
7-8. Кендрик Нан (Панатинаикос) – 2,5 милиони
7-8. Никола Миротиќ (Олимпија Милано) – 2,5 мил
9. Дариус Томпсон (Анадолу Ефес) – 2,3 милиони
10-14. Еван Фурние (Олимпијакос) – 2,2 милиони
10-14. Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) – 2,2 милиони
10-14. Вили Ернангомез (Барселона) – 2,2 милиони
10-14. Винсент Поаре (Анадолу Ефес) – 2,2 милиони

ПретходноСаво Милошевиќ ќе го гаси „пожарот“ во Партизан!
СледноСкандал во Фенер: Навивачите се дигнаа против еден од најдобрите поради овие зборови!