Уште еднаш нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа покажа дека е во топ – форма. Имено таа денеска во меч од 1/4 финалето на турнирот во Куршумлијска Бања (Србија), успеа да ја победи со 2:0 (6:4 и 6:3) во сетови, Далила Јакуповиќ од Словенија и со тоа да се пласира во следната фаза на овој турнир, во полуфиналето.
Лина првиот сет го доби со 6:4, не беше баш така лесно но Македонката кога беше најпотребно знаеше како треба да одигра.
Во вториот сет Лина беше уште подобра и успеа да го добие со 6:3. Инаку овој четврфинален меч траеше нешто помалку од 1,5 часа.