Официјално: Мечот Новаци – Македонија ЃП е регистриран со службени 3:0!

390

Она што “СпортСпорт“ го најави, од денеска е и официјално. Имено Комисијата за натпревари на ФФМ мечот од ВМФЛ меѓу Новаци и Македонија ЃП,кој заврши без голови, е регистриран со службени 3:0 за Новаци. Како што стои во образложението, тимот од Ѓорче во текот на мечот не го запзил правилото за младинец. Имено место младинецот Скавков во игра влего Вецески кој не е младинец.

Инаку нема дополнителни санкции за Македонија ЃП, освен дека “лавовите“ го загубија тој еден бод, а Новаци на своето конто ќе додаде уште два бода.

Одлуката на Комисијата за натпревари веднаш стапува во сила.

ПретходноГвардиола: Сезоната за Родри е готова, ќе се врати за следната!
Следно„КНЕЖИНО“ е уметноста на ФФМ и причината за хаос