Ловро Јотиќ треба да биде новото засилување на ГРК Охрид. 30-годишниот ракометар се враќа во Македонија после 2021 година, кога си замина од Вардар. Претходно тој настапуваше за Пелистер.
Со ангажирање на бекот, Стевче Алушовски и охриѓани ги потврдуваат своите амбиции за оваа сезона. Неговиот тим има перфектен скор исто како Алкалоид и Пелистер.