Поради насилствата во Купот: Утре Џенова пред празен стадион го пречекува Јуве

57

Натпреварот меѓу Џенова и Јувентус во италијанското фудбалско првенство утре ќе се игра без навивачи поради неодамнешното насилство во Џенова на маргините од Купот на Италија, соопштија локалните власти.

По препорака на Опсерваторијата за спортски настани, која ги надгледува безбедносните прашања, властите на Џенова одлучија натпреварот да се одигра без публика на стадионот „Луиџи Ферарис“.

Во средата, натпреварот меѓу Џенова и Сампдорија беше проследен со судири и насилство, пред и по натпреварот. Од полицијата објавија дека имало дури 41 повреден полицаец.

ПретходноПо повредата на Тер Штеген: Нагелсман одлучи кој ќе брани за Германија!
СледноБорусија се врати од „мртвите“, па на крајот славеше дома против Бохум