ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово. Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш.