Се чини дека на повидок е голем пресврт во однос на “судењето на векот“ во кое инволвиран е Манчестер Сити. Барем така во последните два дена пишуваат медиумите во Англија.
Па така се наведува дека актуелниот шампион не само што нема да биде исфрлен од ПЛ или ЛШ, туку нема да биде казнет ни со одземање на бодови и покрај обвиненијата за наводно прекршени 115 прописи од финансискиот фер-плеј.
Ова доаѓа откако беше отфрлен предлогот на ПЛ за законитост на трансакциите преку ТПА, што укажува на можен финансиски допинг преку спонзорство под контрола на сопствениците. Клубовите изневачки го отфрлија предлогот договорите да се префрлат на независна комисија за да се процени дали тие спонзорски договори се “надуени“ во корист на Сити.
Инаку конечната одлука за тоа дали Сити ќе биде прогласен за виновен и дали ќе се соочи со било какви последици ќе се знае во јануари идната година, но сега ретко кој верува дека клубот од Манчестер на било каков начин ќе биде санкциониран.