Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана работилница за „Заштита на интегритетот и борбата против местењето на натпреварите”.
Во првиот дел од семинарот се разговараше за вредностите на фудбалската игра, проблемот со местењето на натпреварите, негово брзо откривање, безбедноста и заштитата на интегритетот, како и потребата на Уефа за заштитата од местењето на натпреварите.
Во вториот дел од семинарот беше презентиратана постапката и процесирањето на недозволените влијанија за заштитата на интегритетот на натпреварите и натпреварувањето.
Презентациите на работниот состанок беа спроведени од Роберт Марковиќ (раководител на одделот за безбедност и интегритет и Евгенија Милиновиќ (менаџер за меѓународен фудбал и развој).
Роберт Марковиќ, раководител на оддел за безбедност и интегритет при ФФМ.
–Пошироката јавност треба да биде запознаена и добро информирана за местењето на натпреварите, односно дека тоа се кривични дејствија кои го прават криминалците. Најбитното и суштинско е борбата против местењето на натпреварите на сите засегнати страни во спортот генерално, а посебно на фудбалската игра.
-Интегритетот претставува обврска спрема сопствените морални вредности и должности, начин на однесување, чесност и беспрекорност. Додека поимот местење на натпревари е манипулација со резултат на натпревар, а се со една цел, да се добијат големи суми пари со обложување.
-Клубовите од домашното првенство треба секогаш да имаат тесна соработка со ФФМ, што се однесува до овој тип на криминал. Главната цел на Фудбалската федерација на Македонија е подигнувањето на нивото на свеснот на сите чинители во фубалот. (фудбалери, тренери, судии, управи на клубови и службени лица).