Роналдо нема промашен пенал во дресот на Ал Наср – 17 од 17!

41

Кристијано Роналдо погоди од пенал на натпреварот на неговиот Ал Наср против екипата на Ал-Вахда со што досега успеа да ги реализира сите 17 пенали кои ги изведе за својот тим во Саудиска Арабија.

Португалецот погоди од белата точка во 56. минута од натпреварот за конечни 2:0.

Роналдо во кариерата има изведено 196 удари од белата точка, од кои 166 беа успешни. За споредба, Лионел Меси има 140 пенали и 109 голови.

За Роналдо ова беше 903. гол во кариерата и 771. на клупско ниво.

Претходно„Бомба“ во најава“: Манчестер Јунајтед го посакува Александар Митровиќ!
СледноАлкалоид со нова доминација за нова победа во Суперлигата