„Бомба“ во најава“: Манчестер Јунајтед го посакува Александар Митровиќ!

162

Фрлија милијарди евра или фунти, како сакате, во последните неколку сезони и повторно немаат никакви резултат, а посебно со Ерик тен Хаг на клупата. Се разбира дека тука мислиме на Манчестер Јунајтед кој во секој преоден рок и тоа како ги засилува своите редови, но не оди па не оди.

Најново е тоа што, барем според пишувањето на “Мирор“ дека раководството на клубот од “Олд Трафорд“ спрема сензација или “бомба“ во јануари.

Имено Јунајтед сака да го врати Александар Митровиќ во ПЛ, но во своите редови. Инаку познато е дека Србинот пред да направи милионски трансфер во Ал Хилал во С. Арабија, беше еден од најдобрите фудбалери на Фулам.

Колку е ова вистина или шпекулација, колку Митровиќ би сакал да се врати во Европа ако се знае дека во С. Арабија заработува тешки милиони, тоа секако дека е друго прашање.

ПретходноМладата Ведрана Тунески освои злато на Е2 Тирана Опен
СледноРоналдо нема промашен пенал во дресот на Ал Наср – 17 од 17!