Шарунас Јасикевичиус вчера истакна дека има проблеми со повреди на некои играчи и дека не се сите стопроцентно подготвени за новата сезона, а сега наеднаш би можел да остане без еден од најдобрите кошаркари во својот тим.
Тоа е Најџел Хејс-Дејвис кој беше во посета на Ереван, главниот град на Ерменија.
Што е спорно?
Тој на својот Инстаграм профил објави фотографии од оваа земја, а го посети и Институтот за проучување на ерменскиот геноцид.
Станува збор за масовниот прогон на Ерменците за време на Првата светска војна, а очигледно револтиран од целата приказна, тој ја објави својата приказна на Инстаграм каде заедно со фотографија од тој Институт напиша „Оркестратори на геноцидот“.
Се уште постои спор меѓу Турција и Ерменија во врска со тој геноцид, па јасно е дека тоа е тема во која професионален спортист, особено Американец кој игра во Турција, не треба да навлегува.
Ова воопшто не им се допаѓа на навивачите на Фенербахче…